Путин: „Спутник“ е сигурен како „Калашников“
„Спутник“ функционира на ист начин како вакцините на „АстраЗенека“ и „Џонсон и Џонсон“, односно користи безопасен, мртов вирус, при што делче од коронавирусот се внесува во телото.

Претседателот Владимир Путин изјави дека руската вакцина против Ковид-19 „Спутник“ е сигурна исто колку и „Калашников“, откако здравствените власти на Русија ја одобрија верзијата на „Спутник“ од која е потребна само една доза, наречена „Спутник лајт“.
„Спутник“ функционира на ист начин како вакцините на „АстраЗенека“ и „Џонсон и Џонсон“, односно користи безопасен, мртов вирус, при што делче од коронавирусот се внесува во телото.
Вакцината беше пречекана со голема скепса откако руските регулатори ја одобрија уште во август минатата година, но подоцнежните клинички тестирања покажаа дека дава висока заштита од Ковид-19.
