Ски скокови – Светски куп

Победа за Фројнд, глобус за Стох

21.03.2014 18:38

Сезона на кариерата за Полјакот Камил Стох кој е шестиот ски скокач во историјата кој ги обединил олимписката и титулите на нордискиот мундијал и во Светскиот куп.

26 годишниот Стох беше четврти на претпоследното натпреварување на скокалницата на Планица, но тоа му беше доволно да им побегне на конкурентите во генералниот пласман и тоа на недостижни 147 бода на Германецот Северин Фројнд и 158 на Словенецот Петер Превц.

Во завршницата на сезоната, Фројнд влезе во одлична форма и врза две од петте победи или вкупно девет во кариерата. На 139-ет метарската скокалница на Планица, Фројнд имаше две далечини од по 137,5 метри со коишто собра само три дела од бодот повеќе од Норвежанецот Андрес Бардал. Утрешниот натпревар на истата скокалница ќе биде само промоција на првата титула во Светскиот куп на Стох и ќе решава за второто место во конечниот поредок. Фројнд има 11 бода повеќе од домашниот скокач Превц кој денеска беше трет.