Свет
Девојче застрела три лица во училиште во САД
07.05.2021 11:07
Повредени се две деца и чувар во училиштето во градот Рагби. Девојчето е приведено, а ранетите се пренесени во болница и се во стабилна состојба.

Ученичка од шесто одделение отвори оган во училиште во Ајдахо, на северозападот на САД при што повреди три лица. Била совладана од наставничка.
Повредени се две деца и чувар во училиштето во градот Рагби. Девојчето е приведено, а ранетите се пренесени во болница и се во стабилна состојба.
Масовните пукања во САД се чести. Минатата година со огнено оружје беа убиени над 43.000 лица.
