Порто
Дводневен состанок на шефовите на држави на ЕУ
07.05.2021 11:12
Ќе се разговара за спроведувањето на европскиот столб за социјални права на еу и на национално ниво, утврдено со стратешката агенда на ЕУ 2019-2024.

Лидерите на ЕУ на дводневен самит на 7-ми и 8-ми мај во Порто ќе разговараат за социјалните прашања, пандемијата на Ковид-19 и меѓународните односи. Ќе се разговара за спроведувањето на европскиот столб за социјални права на еу и на национално ниво, утврдено со стратешката агенда на ЕУ 2019-2024.
Лидерите ќе се фокусираат и на начините за создавање работни места и подобрување на квалитетот на работата, борба против сиромаштијата и социјалното исклучување.
