Затворска казна за уште еден обвинет во случајот „Двојник“
Обвинетиот Шемседин Јашари е петтиот вработен во МВР кој призна вина за делото, откак0 на минатото рочиште вина признаа четворица негови колеги и еден „поттикнувач“.

Основниот кривичен суд во Скопје изрече казна затвор од една година и седум месеци на уште еден од вработените во МВР за издавање на пасоши во случајот „Двојник“, кој призна вина на денешното рочиште.
Обвинетиот Шемседин Јашари е петтиот вработен во МВР кој призна вина за делото, откак0 на минатото рочиште вина признаа четворица негови колеги и еден „поттикнувач“.
Јашари се гони за злоупотреба на службената должност. Случајот го води судијката Оља Ристевска, а застапник на обвинението е Спасенка Андонова.
Во случајот од првично обвинетите 11 лица, на првото рочиште вина признаа пет лица, а една од вработените во МВР, која беше отсутна поради болест, најави признание на вина преку својот бранител и судот ја раздвои постапката за неа.
