САД

Заложничка ситуација во банка во Минесота

07.05.2021 11:29

Полицијата повеќе од осум часа преговарала со напаѓачот. Четворица заложници биле ослободени во текот на првите четири часа, а подоцна бил ослободен и последниот заложник.

Агентите на ФБИ уапсија осомничен маж кој држел како заложници петмина вработени во банка во градот Сент Клауд, Минесота.

Полицијата повеќе од осум часа преговарала со напаѓачот. Четворица заложници биле ослободени во текот на првите четири часа, а подоцна бил ослободен и последниот заложник.

Локалната полиција соопшти дека никој не бил повреден во инцидентот.