На Македонија и е потребен инструментот Уставна тужба
Бара советот на европа, ама и на земјава и е потребно воведување на инструментот уставна тужба, сметаат експертите.

Тоа би значело доколку некој од редовните судови повреди нечии основни права и слободи да може да интервенира уставниот суд, вели владиниот агент во судот за човекови права во стразбур.
„Најголем број на држави кои што ја имаат воведено уставната тужба, ја имаат воведоно и можноста по донесувањето на одлуката на Уставниот суд, редовните судови се должни да ја отворат постапката, а во некои системи и самиот Уставен суд може да укине пресуда на редовниот суд односно да го врати предметот на повторно одлучување“, изјави Костадин Богданов, владин агент во европскиот суд за човекови права.
Моделот не е важен туку е важно после врхвниот суд граѓаните да можат да му се обратат на уставниот за последно одлучување. Тоа би ги намалило и тужбите во стразбур.
„Искуството, особено на земјите од поранешна Југославија кои што веќе ја имаат прифатено уставната тужба е да на некој начин директно се интервенира и во пресудата на Врховниот суд каде што се наоѓа повреда“, вели Маргарита Цаца Николовска, поранешен судија на Европскиот суд за човекови права.
Земјите од регионот веќе ја имаат воведено уставната тужба.
Фиљана Кока
