46,5 милиони евра од Светска банка за енергетска ефикасност и за унапредување на образованието
Со пари од Светска банка ќе се реализираат проекти за енергетска ефикасност и за унапредување на образованието. Договорите се неодамна потпишани. Рокот на отплата на заемот е 11 години, со вклучен грејс период од три години...

Со 46,5 милиони евра Светска банка ќе финансира два проекти во земјава за енергетска ефиканост и за унапредување на основното образование. Со првиот проект за енергетска ефикасност во јавниот сектор ќе се намали потрошувачката на енергија, ќе се инвестира во одржливи енергии и ќе се намалува загадувањето во поголемите градови. Со вториот проект ќе се финансира најавената реформа на основното образование.
Директорот на Светска банка посочи дека земјава е на половина од просекот во ЕУ за енергетска ефикасност. Иако има подобрување во пристапот во образованието сепак треба да се вложува во квалитетот.
Со поддршка на Светска банка ќе се инвестира и во подобрување на здравствените објекти во земјава, со вложување во енергетската ефикасност и инфраструктурата.
Ирина Гелевска
