Вакцини

СЗО ја одобри вакцината за итна употреба од „Синофарм“

08.05.2021 08:48

Бројот на заразени со новиот коронавирус се зголемува деветта недела по ред....

Светската здравствена организација ја одобри за итна употреба вакцината на компанијата „Синофарм“ против Ковид-19.

Таа е една од двете произведени во Кина кои им се дадени на стотици милиони луѓе во матичната земја и во странство, и првата која доби зелено светло од СЗО, а не е развиена на Запад.

Постои можност да биде вклучена во системот Ковакс, глобалната програма наменета за сиромашните земји.

Бројот на заразени со новиот коронавирус се зголемува деветта недела по ред.

Од Ковид-19 починале над 3,2 милиона луѓе во светот. САД, Бразил и Индија се и натаму на врвот на листата со најмногу смртни случаи.