Македонија ја пречека пролетта со илјадници засадени рози
Секоја слободна површина наскоро ќе заличи на парк, но целта е повисока- да се деконтаминира почвата која со години беше загадувана од штетни материи. Во акцијата предничеше Велес...

Како земја со најмногу засадени рози во регионот, Македонија и кажа добредојде на пролета. Покрај убавината, розата ќе ја чисти загадената почва. Националната кампања своето центарлно место го имаше во Велес, градот кој до пред десет години според СЗО беше ризично место за живеење
„Засадивме рози за почиста почва за поубав Велес... Со секоја засадена роза светот е поубав... Секоја засадена роза е како нов живот“, велат анкетираните велешани.
3.500 рози на десетина локации се засадија во Велес. Но за чистење на почвата која во себе содржи тешки метали потребно е многу повеќе.
„Факт е дека има загадување од работата на Топилницата ние тоа не го криеме и ќе преземаме мерки тоа да го санираме.Една од мерките е токму засадувањето на розите како форма на фиторемедијација“, рече Соња Лепиткова државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање.
Научно е докажано дека розата со својот коренов систем, од почвата најбрзо ги извлекувала тешките метали.
Секоја засадена роза е засадена со желба кадмиумот и оловото што поскоро да исчезнат од велешката почва, кадмиумот го има 110 повеќе, а оловото 25 пати.
Во Велес ова е втора акција на деконтаминација преку садење на рози. Екологистите од Вила Зора апелираат за поголема грижа кон садниците.
„Наместо да ги мериме ефектите после деконтаминацијата на почвата од розите кои беа насадени 2010 година констатираме дека многу мал број на рози се останати“, вели д-р Ненад Кочиќ, претседател на ЕД Вила Зора.
Вкупно 100.000 рози како дел од Националнаат кампања се засадија во сите општини во државата. Растението кое цвета 200 деноиви во годината во Штип денеска го садеа преставници на 15 амбасади.
Дијана Иванова
