Ерусалим

ОН: Присилното иселување на Палестинците е воено злосторство

08.05.2021 09:34

Во судирите се повредени Палестинци и израелски полицајци...

Над 200 Палестинци и дваесетина израелски полицајци се повредени во судирите во џамијата Ал Акса во Ерусалим.

Офицерите тврдат дека интервенирале за да го одржат јавниот ред кој бил нарушен од бунтот на верниците кои го одбележуваа последниот петок од Рамазан. 

Тензиите се зголемија откако Израелците се обидоа да протераат неколку палестински семејства од Источен Ерусалим.  

Обединетите нации предупредија дека присилното иселување од нивните домови во Шеик Џарад и нивното преместување на друго подрачје под окупација на Израел е забрането со меѓународното хуманитарно право и може да претставува воено злосторство.