Бразил
Протести против полициската акција во која загинаа 25 луѓе
08.05.2021 09:56
ООН бара независна истрага за масакрот во Жакарезињо...

Протести во Рио поради полициската акција во предградието Жакарезињо во која загинаа над 25 лица.
Рацијата била спроведена во рамките на истрага за дилери на дрога и регрутирање на тинејџери кои требале да киднапираат возови и да вршат други криминални дела.
Агенцијата за човекови права на Обединетите Нации бара независна истрага во согласност со меѓународните стандарди, нагласувајќи дека масакрот се случил во населба со афро-бразилско мнозинско население.
