Mагична прва проба за Васил Гарванлиев во Ротердам
По техничката проба следуваше и првата средба на Васил Гарванлиев со медиумите, односно првата прес- конференција на којашто нашиот претставник ги освои новинарите со својата приземност и мудрост, но и темелност во пристапот кон својот настап и музичка приказна...
Се случија првите сценски проби пред 65-тото издание на Евровизија, а оттаму нашата делегација ни праќа позитивни вибрации.
Нашиот претставник Васил Гарванлиев искуството го опишува како магично. За првото соочување со големата евровизиска сцена вели:
„Беше помагично и од самата имагинација што ја имав за тој момент. Иако се подготвував и знаев што ме очекува, сепак останав без зборови. Благодарен сум што ја имам оваа можност и покрај се да застанам и да запејам за Македонија и за светот.“
На тремата не се имуни и најголемите професионалци како Гарванлиев, но вели дека е задоволен од пробата и смета дека со првата проба е доловена насоката во која треба да се развива настапот.
„Ова е само прва техничка проба и сум задоволен. Следуваат уште проби до финалниот продукт и постојано работиме на остварување на нашата компетна замисла“ - дополнува.
По техничката проба следуваше и првата средба на Васил Гарванлиев со медиумите, односно првата прес- конференција на којашто нашиот претставник ги освои новинарите со својата приземност и мудрост, но и темелност во пристапот кон својот настап и музичка приказна.
„Стојам тука и се гордеам со се што имам направено. Песната не обединува сите, а солидарноста е клучен збор. Не дозволувајте луѓето да ве замолчат“ - порача Гарванлиев.
Следната проба е на 12-ти мај, а дотогаш македонската делегација неуморно работи на усовршување и што подобро претставување на земјата на натпреварот за песна на Евровизија. Васил Гарванлиев настапува 6ти по ред во првото полуфинале, на 18-ти мај.
