Охрид, Скопје, Карпош, Чаир- старт на кампањата за претседател
22.03.2014 10:44
Во понеделник стартука кампањата за претседателските избори...

ВМРО-ДПМНЕ в понеделник претседателската кампања ја почнува традиционално во Охрид. Кандидат за претседател на партијата е сегашниот шеф на државата Ѓорге Иванов.
СДСМ почнува со конвенција што ќе се одржи во Универзаланата сала во Скопје и промоција на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.
ГРОМ и кандидатот Зоран Поповски кампањата ја почнуваат во трговскиот центар Лептокарија, во општина Карпош, со централен митинг.
Кандидатот на ДПА, Илијаз Халими в понеделник ќе се претстави на митинг во скопски Чаир.
Првиот круг на претседателските избори ќе се одржи на 13-ти април, додека вториот круг од изборите на 27-ми април.
