И САД притискаат за привремено откажување од патентите на вакцините од Ковид-19
Отпорот од големите компании е голем, но и притисокот врз светските лидери да го туркаат ова прашање поради состојбата со пандемијата..

САД и теа откажување ан патентите за вакцини против КОвид-19
Американскиот претседател Бајден се заложи за укинување на заштита на интелектуалната сопственост на вакцините против Кoвид-19 со цел да се забрза производството и распределбата на вакцините во светот но критичарите меѓутоа предупредија дека ова е многу сложено прашање, а големите фармацевтски компании се против оваа одлука со објавување дека со отворањето на нови погони за производство на вакцините ќе се намали напорите за производство во веќе постоечките лаборатории.
Американскиот претседател Џо Бајден сепак се заложи за укинување на интелектуалната сопственост на вакцините против Ковид-19 со цел да се забрза производството распоредувањето на вакцините во светот, што инаку го побараа на земјите во развој.
Овој став на Бајден го потврди неговата советничка за трговија којашто преговараше со Светската здравствена организација Кетрин Таи. Таа рече дека во глобална здравствена криза треба да се преземат и исклучителни мерки.
- Да, за оваа прашање секако ќе разговараме подоцна, изјави Бајден.
И францускиот претседател ги поддржа заложбите на неговиот американски колега за откажување од интелектуалната сопственост бидејќи вакцината против Ковид-19 би требала да се направи како светско јавно добро, и дека се значајни краткорочните донации за производство со партнерство со сиромашните земји. Но сепак Макрон проблемот го гледа околу трансферот на технологијата.
И додека Светската здравствена организација го поздрави потегот на Бајден, на светските пак берзи веднаш паднаа акциите на многубројни фармацевтски компании кои произведуваат вакцини, вклучувајќи ги Модерна, Нововакс и Фајзер во оваа здравствена криза овие компании кои остварија рекордни профити, порачаа дека ќе се борат одлуката на американскиот претседател да биде максимално ограничена, аргуметирајки го тврдењето дека сето ова ќе ги довде во компромирачка состојба во однос на безбедноста на вакцините.
Мирјана Василева
