Кошарка

Кожув го совлада Куманово со 98:87

21.03.2014 19:46

Во натпревар без поголемо значење, во кој двата тима уште претходно обезбедија настап во Супер лигата беше демонстрирана брза и атрактивна кошарка, во која Кожув постигна вторпат во само три дена постигна убедлива победа над екипата над Куманово.  

Во натпревар без поголемо значење, во кој двата тима уште претходно обезбедија настап во Супер лигата беше демонстрирана брза и атрактивна кошарка, во која Кожув постигна вторпат во само три дена постигна убедлива победа над екипата над Куманово.  

Кожув одлично го отвори натпреварот, со водство од 6:0, потоа и 10:2, а по 6 минути игра за првпат и со двоцифрени 22:12. Највисоката разлика беше 28:14, но Кумановци до крајот на првиот период намалја на 28:20. Серијата ја продолжија и во втората четвртина, кога по 4 минути игра првпат поведоа со 33:32, но со серија тројки Гевгеличани поведоа со 46:38. Ефикасното полувреме заврши со поен предност, благодарение на упорноста на гостите кои во завршницата намалија на 53:52.

Во третата четвртина, по почетното израмнување на 55:55 доминираше екипата на Кожув со серија од 13 поени, која во средишницата дојде до 73:57. Како и завчера во БИБЛ лигата, гостите драстично паднаа во тој период, во кој постигнаа само 10 поени и во последниот период влегоа со негатива од 75:62.

Во завршните 10 минути Кожув стартуваше со одлична серија за највисокио 91:71 на пет минути до крајот, по што домашните одиграа поопуштено, а шанса добија тројцата најмлади од кои Велковски постигна 4 поени. Кончениот резултат 9:87 за втора победа на Кожув сезонава во лигата над Куманово, со која Гевгеличани завршија на 2 место со 14 победи и само 2 пораза. Куманово е на 4 место со 9 победи и 7 загубени мечеви. Најефикасен во победничкиот состав беше Пековиќ со 17 поени, еден повеќе од Штерјов, а кај гостите Мишковиќ постигна 22 поена. Во Супер лигата која ќе стартува следниот викенд, Кожув и гостува на Струмица, Куманово на Лирија, а во дербито ќе се сретнат МЗТ Скопје Аеродром и Работнички.        

Утре играат Фени Индустри и Лирија, задутре Струмица и Работички, а во понеделник Карпош Соколи и Пелистер.