Мицкоски: Датум и преговори веднаш и сега
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со партиска делегација за Денот на победата над фашизмот на Могилата на непобедените во Прилеп. Мицкоски ја повика Европската унија да биде погласна за криминалите на власта, но и повеќе да се ангажира околку обезбедувањето на нашата иднина и веднаш да одреди почеток на преговори. Според него, земјава сега го живее најтешкото време...

Датум и преговори веднаш, без условувања и чепкање во националниот идентитет, побара претседателот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, Кристијан Мицкоски на средбата со прилепчани на Могилата на непобедените и Паркот на револуцијата во Прилеп. Тоа да се случи уште на јунскиот европски самит. Паралелно да течат разговорите со источниот сосед.
Според Мицкоски, Македонија денес го живее најтешкото време со лошо образование, испуштени од работа, со задоцнето вакцинирање на населението.
ВМРО-ДПМНЕ инсистира бизнисот да се ослободи од стегите, битка со криминалот, реорганизација на државата, а на луѓето да им се даде надеж и визија.
Елизабета Митреска
