ШКОТСКА

Старџен: Прашањето не е дали, туку кога ќе има референдум

10.05.2021 09:32

Прашањето е решено уште во 2014 година, тврди Бајден...

„Не е прашање дали, туку кога ќе има втор референдум за независна Шкотска“, му порача премиерката Никола Старџен на шефот на британската влада Борис Џонсон.

По победата на Шкотската национална партија на четвртите парламентарни избори која се залага за самостојност, тој ги повика лидерите во Обединетото Кралство на преговори за унијата.

Во телефонскиот разговор, Старџен повтори дека нејзин приоритет е да му овозможи на народот да донесе одлука за својата иднина веднаш штом ќе заврши кризата предизвикана од пандемијата со Ковид-19. Соработката со британската влада ќе продолжи се до моментот до кој ќе постојат можности за тоа. Старџен предупреди дека секој политичар од Лондон кој ќе застане на патот до целта ќе се соочи со демократската волја на шкотскиот народ.

Џонсон има овластување да дозволи уште еден референдум. Тој и натаму тврди дека прашањето било решено на гласањето во 2014 година кога 55% од граѓаните на Шкотска се изјасниле да останат во Велика Британија.