Зголемено обезбедување поради одбележувањето на Денот на Ерусалим
Десетици повредени во последните судири меѓу Палестинците и полицијата...

Десетици повредени во последните судири меѓу полицијата и Палестинците во Ерусалим. Обезбедувањето е значително зголемено поради одбележувањето на Денот на Ерусалим во Стариот град.
Според традицијата, на настанот со кој се слави израелското освојување на Источен Ерусалим во 1967 година, младите Евреи организираат парада и минуваат низ муслиманските области. За Палестинците, ова е чин на провокација.
Тензиите меѓу двете страни дополнително се зголемија поради планот за протерувањето на неколку семејства од нивната заедница во Шеик Џарах. Врховниот суд го одложи сослушувањето за овие случаи кое беше закажано за денес.
И покрај меѓународниот притисок, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нагласи дека нема да запре изградбата на еврејските населби во Источен Ерусалим.
