Работнички-Брегалница, 3 дел
Со натпреварот на арената Филип втори во Скопје ќе биде отворен третиот и последен круг од домашното првенство.

За само десеттина дена екипите на Работнички и Брегалница одново ќе ги одмерат силите. Денеска во битка за првенствени бодови откако во средата романтичарите ги совладаа штипјани во првиот полуфинален натпревар од купот со 2-0, а на 9 март во Штип одиграа без победник 1-1.
Со натпреварот на арената Филип втори во Скопје ќе биде отворен третиот и последен круг од домашното првенство. Поредокот на табелата по 22 одиграни кола одново ги спои Работнички и Брегалница . Тимот од градски парк во мечот влегува со амбиции да ја продолжи успешната серија и да се зацврсти на лидерската позиција која во моментот ја дели со Турново, Вардар и Пелистер. Од другастрана прволигашот од Штип иако е на 8-та позиција на табелата и натаму е во зоната на битка за опстанок во најквалитетното друштво. Во средата Работнички со головите на Петровиќ и Сулејманов навидум лесно славеше над Брегалница, но штипјани велат дека нема уште еднаш да ги повторат гречките од куп-натпреварот. Мечот со кој се отвора 23-тото коло е закажан за 14 часот на арената Филип втори, ќе го води Јосип Бартон, а МРТ ќе го пренесува на првиот програмски сервис.
Другите натпревари од ова коло ќе бидат одиграни утре. Во терминот од 14 часот: Турново-Г.ЛИсиче, Пелистер-Македонија ЃП, Металург-Напредок и Ренова –Гостивар, додека дербито Вардар-Шкендија ќе почне во 16 часот и ќе се пренесува на МРТ.
