САД
Групата „Дарк сајд“ го извршила кибернетичкиот напад врз „Колонијал пајплајн“
10.05.2021 09:41
Администрацијата на Вашингтон дозволи и копнен транспорт на нафтените производи...

„Кибернетичкиот напад врз најголемиот американски нафтовод бил извршен од криминална група позната како „Дарк сајд“ (Темна страна)“, тврдат два извора во тековната истрага.
Групата се претставува како модерен Робин Худ кој цели кон богатите корпорации. Поради нивните активности, во последните три години Западот се соочи со загуба од десетици милијарди долари.
За да се избегнат посериозни блокади на снабдувањето со горива, администрацијата на Вашингтон ги смени регулативите и дозволи копнен транспорт на нафтените производи.
Мрежата на „Колонијал пајплајн“ се протега од Тексас до североистокот на САД.
