МВР

22 прекршување на забраната за движење, 433 санкции за неносење маска

10.05.2021 11:17

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19...

Од 23.00 часот (09.05.2021) до 05.00 часот (10.05.2021) констатирано е дека 22 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (09/10.05.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 433 прекршоци.  

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19.