Монпелје со Омејер во Струмица
Четвртфиналето во ЕХФ купот е недостижно за екипата на Зомимак – М, но последните два дуела за простување од групната фаза се големи предизвици.
Најголемиот е денеска и тоа во Струмица каде што доаѓа францускиот прволигаш Монпелје, моментно третопласираниот во најквалитетната национална лига. 14-ет кратниот француски и екс европскиот шампион предводен од голманската икона Тјери Омејер е секаде магнет за гледачите и инспирација за противниците.

Така ќе биде и во оваа ситуација во која ракометните фанови во спортската сала Парк ќе ја имаат привилегијата да го видат во живо еден од најдобрите голмани на светот, а за ракометарите на Зомимак – М тоа ќе биде екстра мотивација да постигнат што повеќе голови. Екипата од земјата актуелен европски шампион, доаѓа во комплетен состав, единствено без повредениот репрезентативец Гигу, но со вториот златен од ЕП во Данска, Акамбре.
На почетокот на февруари оваа година нашиот трет претставник во ракометна Европа Зомимак – М, ја почувствува силата на фаворитот во Монпелје каде што беше поразен со 19 гола разлика. А тогаш струмичани беа посилни за Терзиќ и Павловски, кои овојпат нема да бидат во составот. Бековите, Терзиќ и Кукоски се вратија во Вардар, додеке пикерот Павловски е повреден.
Ако се знае дека екипата е драстично ослабена со заминувањето на Стојановиќ претходно, логична е резултатската немоќ на струмичкиот тим во групната фаза од ЕХФ купот во силната конкуренција со првиот фаворит Монпелје, квалитетниот Спортинг Лисабон и данскиот Скјерн, екипа на која Зомимак и гостува на збогувањето од историската сезона во Европа.
За оние кои нема да бидат во спортската сала Парк во Струмица денеска, директниот пренос е на собранискиот сервис на МРТ од 18 часот.