Заев- Фон дер Лајен: Идентитетски прашања не смее да бидат на масата за разговори
Македонија нема намера да прифати почеток на преговори по цена на македонскиот идентитет и јазик- Заев на средба со европските челници. Од Брисел порака за поддршка со засилен ангажман на Еевропската комисија за старт на преговорите и решавање на спорот со Бугарија...
Европската комисија поактивно ќе се вклучи во изнаоѓање решение за деблокадата на процесот за интеграција на Mакедонија во Eвропската унија, пораката од Bрисел стигна, по средбите на премиерот со европските челници.
Заев посочил дека државава нема намера да прифати преговори по цена на македонскиот идентитет и јазик. Во разговорите, претседателката на Комисијата, Фон дер Лајен ги потврдила поддршката и заложбите, двете земји, Северна Македонија и Aлбанија заедно да го продолжат преговарачкиот процес.
Целта на Eвропската комисија е за време на актуелното португалско претседавање да се прифати преговарачката рамка и да се одржи првата меѓувладина конференција, ова е ставот на еврокомесарот Вархеји.
Во разговорите со владината делегација посочил дека во Советот на министрите за надворешни работи се води стратешка дебата, во која деблокадата на европскиот пат на Северна Македонија е приоритет број еден.
