Отворањето на преговорите на Македонија со ЕУ ќе биде силен сигнал за Грузија
Отворањето на преговорите на Македонија со Европската унија ќе биде силен сигнал за Грузија, од Скопје порача претседателката на Грузија, Зурабишвили, по средбата со шефот на државава Пендаровски. Потшишаа договор за безвизен режим...

Воени и државни почести, дел од пречекот за грузиската претседателка Зурабишвили во Вила Водно. На средбата со македонскиот претседател Пендаровски, е разговарано за унапредување на односите меѓу двете држави, а се потпишани и договорот за безвизниот режим и меморандумот за соработка во културата. Тема на разговорот биле и надворешно- политичките приоритети, НАТО и Европската унија.
Членството на Македонија во НАТО е сигнал за Тбилиси за НАТО и северноатлантската политика на отворени врати. Не се работи само за зборови, туку за реалност што нѐ прави оптимисти, оцени Зурабишвили. Додаде дека се надева на старт на преговорите на Македобија со Унијата, како одличен сигнал и за Грузија.
Грузиската претседателка му предложила на македонскиот колега иницијатива за обединување на помалите земји за усогласување на политиките за глобалните прашања.
По средбите и пресконференцијата во Вила Водно, македонскиот претседател и неговата грузиска колешка положија свежи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас во Скопје. Ова е прва официјална посета на грузиски претседател на Македонија, која обете соговорници ја опишаа како историска.
Марија Котовска
