Ковид-19

Ситуацијата со пандемијата во САД се подобрува

10.05.2021 18:19

58 проценти од луѓето над 18 години или 149 милиони лица примиле барем една доза на вакцина.

САД излегуваат од тежок период и состојбата со пандемијата се подобрува, изјави Џефри Зинк, координатор на работната група на Белата куќа за борба против коронавирусот.

58 проценти од луѓето над 18 години или 149 милиони лица примиле барем една доза на вакцина. Зинк оцени дека има доволно вакцини за сите Американци, иако бројот на нововакцинирани паднал на 2,1 милион, што е за 40 проценти помалку од минатиот месец.

Американскиот претседател Џозеф Бајден рече дека се надева оти до 4 јули бројот на вакцинирани ќе биде 70 проценти.