СЗО: Пандемијата се намалува во Европа и Америка
10.05.2021 20:06
Bројот на новозаразени и смртни случаи кај пациенти со Ковид-19 се намалува во повеќето региони, вклучувајќи ги и најтешко погодените во Европа и северна и јужна Америка.

Светската здравствена организација соопшти дека пандемијата е на својот врв, но дека бројот на новозаразени и смртни случаи кај пациенти со Ковид-19 се намалува во повеќето региони, вклучувајќи ги и најтешко погодените во Европа и северна и јужна Америка.
„Но, ова е неприфатлив врв на пандемијата со 5,4 милиони новоинфицирани и речиси 90.000 смртни случаи меѓу пациенти со Ковид само во последната недела”, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Адана Гебрејесус.
