Младите да бидат поактивни – фирмите ги отворија вратите
Младите да бидат поактивни на пазарот на труд.

Да не чекаат државата да им обезбеди работа, сами да ги искористат поволностите за старт на бизнис - сугерираат експертите. Странските инвестиции и малите и средни фирми преку пакетот антикризни мерки ги отворија вратите. Ја зголемија понудата , ја намалија невработеноста на 28,6 проценти.
„Одредени политики понудени како ,,Осмели се“ или ,,Охрабри се“ - 3000 евра за старт на бизнис или активните политики за самовработување дадоа ефекти, треба да го мотивираат поединецот, помина времето кога држвата можеше да се грижи за секого и да вработува, живееме во пазарна економија - време кога поединецот треба да е самомотивиран и насочен кон претприемничко работење“ – оценува Универзитетскиот професор Пејковски.
Стотина илјади работни места се отвориле за повеке од седум години. Според агенцијата за вработување скоро 669 илјади лица одат на работа, од 2006 тата досега се вработиле 98 илјади 550 –мина . Експертите велат најголем број се реализирани во приватниот сектори , но има и такви што од сива економија минале во легален систем. Бројот на невработени се намалил за над 36 илјади лица.
Според Народната банка најмногу работни места се искреирани во Слободните економски зони. Новите вработувања се поврзуваат и со ангажманот на градежните фирми во јавните инфраструктурни проекти , земјоделските субвенции и пакетот мерки за вработување. Во третиот квартал на 2013 тата Државниот завод за статистика објави активно население 960 илјади 704 , вработени 685 илјади 479 - 40,9 проценти, невработени 275 225 - 28,8 насто. За десет проценти е намалена стапката од 2006 тата кога имало 321 илјада 274 лица без работа.
„Тоа значи владините политики се добри, ако на тоа се додаде и успешната приказна за странските инвестиции бидејки имаме 6500 вработувања во постоечките компании, најавени се уште 10 илјади вработувања во следни 12 месеци , тоа покажува дека како резултат на владините полтики и искористувањето на можностите од страна на приватниот сектор се отвирја толку работни места“ – вели Вицепремиерот и министер за финансии Ставрески.
Благ пораст и на вработеноста во Европската Унија, во последното тромесечје лани за 0,5 проценти во Еврозоната.
Народната банка прогнозира дека ќе има зголемување на бројот на вработени и во наредниот период, не само како резултат на позитивните движења во домашната економија туку и на постепено закрепнување на глобалната економија.
