ИЗРАЕЛ

Најмалку 20 жртви во израелските напади врз Појасот Газа

11.05.2021 09:39

Израелската армија соопшти дека бомбардирала тунел на Хамас на северот од Појасот Газа, во кој, како што се верува, имало голем број членови на организацијата.

Ескалација на тензиите во Ерусалим. Најмалку 20 лица, меѓу кои девет деца, загинаа во синоќешниот израелски напад врз Појасот Газа. Повредени биле повеќе од 60 лица.

Израелската армија соопшти дека бомбардирала тунел на Хамас на северот од Појасот Газа, во кој, како што се верува, имало голем број членови на организацијата.

Израелската армија претходно потврди дека извршила ракетни напади врз Појасот Газа, наведувајќи дека загинале тројца членови на милитантната организација Хамас, која, пак, претходно го ракетираше Ерусалим, по истекот на ултиматумот упатен до израелската влада за повлекување на безбедносните сили од кругот на џамијата Ал Акса.