Ковид-19

СЗО: Индиската варијанта на коронавирус- глобална грижа

11.05.2021 09:42

Според првичните истражувања, варијантата Б.1.617 многу лесно и брзо се шири за разлика од другите соеви и бара дополнителни студии. СЗО наведува дека овој вид веќе се проширил во повеќе од 30 земји.

Светската здравствена организација соопшти дека Индискиот сој на коронавирусот се класифицира како варијанта на глобална загриженост. Организацијата предупреди дека тој вид е со зголемена преносливост.

Според првичните истражувања, варијантата Б.1.617 многу лесно и брзо се шири за разлика од другите соеви и бара дополнителни студии. СЗО наведува дека овој вид веќе се проширил во повеќе од 30 земји.

Индиските инфекции и смртни случаи во почетокот од неделата беа близу до рекордните дневни достигнувања, зголемувајќи ги повиците до владата на премиерот Нарендра Моди да ја заклучи втората најнаселена земја во светот.

Другите три видови на коронавирус од Велика Британија, Јужна Африка и Бразил беа оценети на сличен начин.