Ковид-19
САД: Вакцината на „Фајзер/Бионтек“ одобрена за деца од 12 до 15 години
11.05.2021 09:46
Американскиот претседател Џо Бајден ја оцени како „охрабрувачка“ одлуката на регулаторот на САД да одобри употреба на вакцината на „Фајзер/Бионтек“ за малолетници...

По Канада, и САД ја одобри вакцината на „Фајзер/ Бионтек“ против Ковид-19 за деца и младинци над 12 години.
Американскиот претседател Џо Бајден ја оцени како „охрабрувачка“ одлуката на регулаторот на САД да одобри употреба на вакцината на „Фајзер/Бионтек“ за малолетници на возраст од 12 до 15 години.
И во Европската агенција за лекови- ЕМА, се врши проверка на вакцината за оваа старосна група, а одлуката се очекува кон средината на јуни, но може да биде донесена и на крајот на мај.
