ТУРЦИЈА
Ердоган: Ќе го мобилизираме светот против Израел
11.05.2021 10:06
Повтори дека Анкара ги поддржува целите на Палестинците и дека стои до нив. Остро ги осуди израелските напади врз Палестинците и комплексот џамии Ал-Акса во Ерусалим и ги оцени како тероризам.

Турција ќе го мобилизира целиот свет, особено исламскиот, за да го запре израелскиот терор врз Палестинците и окупацијата, изјави турскиот претседател Ердоган.
Повтори дека Анкара ги поддржува целите на Палестинците и дека стои до нив. Остро ги осуди израелските напади врз Палестинците и комплексот џамии Ал-Акса во Ерусалим и ги оцени како тероризам.
Неколку илјади луѓе се собраа пред израелскиот конзулат во Истанбул во знак на поддршка за Палестинците, како одговор на насилството предизвикано од повеќедневните немири во Ерусалим.
