Здравство

6 месеци пракса во реномирана болница за идните доктори

22.03.2014 12:53

Реномирани медицински центри во Европа, САД, Канада и Кина.Таму се усовршуваат македонските лекари и мединциските сестри. Од 2015 година секој лекар од вкупно пет години треба минимум шест месеци да мине на обука во некој реномиран здравствен центар.

Хирургот од струмичката болница се усовршувал во јапонската болница Токуда во Софија. Почетни искуства во лапароскопската хирургија ги надоградил работејќи со врвни стручњаци.

„На пример, лапароскопска операција на кила или лапароскопска операција на постоперативнин кили на предниот стомачен ѕид e подобра од класичната операција. Добро би било да се применуваат и кај нас“, вели Д-р Никола Пачов, градска општа болница во струмица

Од струмичката болница собирале искуства и офталмози, уролози, интернисти, лекари од ортопедија и инфективно одделение. И лекари и медицински сестри од прилепското јавно здравство билена усовршување. За оперирање на очно перде некои се усовршувале во Киев.

„Задоволна сум од искуството што го стекнав таму и од можноста да бидам присутна на сложени интервенции и дијагностички процедури. Со новата опрема би можеле да се применат и кај нас“, изјави Д-р Николина Симеска- Цвеоска, Градска општа болница Прилеп

Проектот на министерството за здравство се проширува...Македонски медицински персонал ќе се обучува во педесеттина реномирани центри во Европа, САД, Канада и Кина. Искуствато и знаењето е важно зашто ќе го применуваат во земјава.

500 медицински лица и годинава ќе се усовршуваат во странство. Догодина ќе заминат  уште 1000. Според законот од 2015 година секој лекар од вкупно пет години, минимум шест месеци треба да помине на обука во некој реномиран здравствен центар.

Наташа Јанчиќ