МВР: 15 прекршување на забраната за движење, 449 санкции за неносење маска

11.05.2021 10:57

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата...

Од 23.00 часот до 05.00 часот констатирано е дека 15 лица не ја почитувале забраната за движење- соопштува МВР. Во текот на изминатото деноноќие пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 449 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19.