НОВ СИНГЛ – НАИВНО

Касапски: Нашите емоции се водилка во процесот на создавање на едно дело

11.05.2021 12:11

Зад комплексната музичка основа се потпишува самиот Касапски, а текстот е дело на Робин Зимбаков препознатлив по поетичните метафори спакувани во „лесен за уво“ јазик. Музичкиот пакет е снимен во студиото на Роберт Билбилов кој исто така е одговорен и за миксот и мастерот на песната.

Панче Касапски го објави новиот сингл „Наивно“ во специфичен есид џез стил, со примеси на диско, фанк, џез и соул. Зад комплексната музичка основа се потпишува самиот Касапски, а текстот е дело на Робин Зимбаков препознатлив по поетичните метафори спакувани во „лесен за уво“ јазик. Музичкиот пакет е снимен во студиото на Роберт Билбилов кој исто така е одговорен и за миксот и мастерот на песната.

„Џезот, диско ритамот и денс – поп жанровите се најчесто застапени во музиката која ја слушам. Том Миш, Дафт Панк, The Weeknd, Jamiroquaiи други артисти сигурно имаат влијание врз начинот на моето творечко размислување, но се разбира најголемо влијание во уметничкиот и креативниот израз се нашите емоции кои се водилка во процесот за создавање на едно дело.“ – вели Касапски зборувајќи за музичкиот правец во кој се движи.

Како артист кој стилски отскокнува од мнозинството, тој дополнува дека простор за нова музика секогаш има и порачува дека трендовите во музиката не треба да ги обесхрабруваат авторите во нивната индивидуална креативност, напротив, истите треба да служат како мотив за создавање нова музика.

„Наивно“ оживеа и во видео запис кој го работеше Дарко Митев, а го едитираше Сергеј Смилков. Видеото е снимано на повеќе локации во Белград и во него се појавува познатиот македонски модел Вера Хаган. Фотограф на проектот е Антонио Станков.

Панче Касапски ја следи и поддржува македонската музика.

„Ги преслушувам скоро сите композиции за кои дознавам дека се издадени. Периодов, „Слобода“на Тамара Тодевска ми е најчесто слушана песна“ – заокружува.

 

Јана Бурческа