Шекеринска: Заразениот потполковник од Африка вечерва ќе биде донесен во Скопје
Македонски војник кој бил во мисија на ЕУ во Централноафриканската Република, сомнителен на Јужноафриканскиот сој. Од Африка ќе биде донесен на Инфективната клиника. Дополнително ќе се прават испитувања за точната мутација на вирусот...

Македонски офицер кој бил во мисија на ЕУ во Централноафриканската Република, сомнителен на Јужноафриканскиот сој. Потполковникот, со медицинска евакуација во соработка со европските служби за надворешни односи, ќе биде хоспитализиран на скопската Инфективна клиника. Тој е во добра здравствена состојба, вели министерката Шеќеринска. Дополнително ќе се прават испитувања за точниот сој на вирусот.
„Еден од нашите припадници на Армијата, потполковник кој учествува во европската мировната мисија во Централноафриканската Република минатата недела доби позитивен тест на Ковид-19 и бидејќи состојбата од страна на медицинските експерти не беше согледана како целосно под контрола, по нивна препорака тој со медицинска евакуација ќе биде донесе вечерва во Скопје“, истакна Шекеринска.
Клучната причина поради која се одлучивме на ваква евакуација која не е едноставна, вели министерката Шекеринска, е поради тоа што во ЕУ мисијата има т.н Рол 2 болница, која не може да му пружи нега на потполковникот, доколку неговата здравствена состојба се влоши.
Јужноафриканскиот сој на коронавирусот, во земјава досега не е забележан, но искуствата од останатите земји покажуваат дека се шири побрзо и полесно од другите соеви.
