Австриски „Новоматик“ ќе вложи 7 милиони евра во казиното „Фламинго“

22.03.2014 13:06

Една од целите на Австрија е да ја види Македонија во Европската унија што е можно поскоро. Австриските инвестиции во Македонија имаат долгорочен план.

Доказ за тоа е што Австрија е втор по големина странски инвеститор тука. Ова од Гевгелија го истакна амбасадорот Томас Бајер, кој присуствуваше на бизнис промоцијата на австриски Новоматик која планира да вложи нови 7 милиони евра во казиното Фламинго на граничниот премин Богородица.

„Една од целите на Република Австрија е да ја донесе Македонија поблиску до Европската унија., затоа што сметаме дека тоа ќе биде важен чекор за целиот регион, истакна Томас Бајер- амбасадор на Австрија во Република Македонија“, изјави Томас Бајер - амбасадор на Австрија во РМ.

 ЕВН, Секјуриком, Шпаркасе банка се само некои од компаниите со австриски капитал. Инвестициите на Новоматик кој е бренд во игрите на среќа, а е присутен во Македонија од 2008 година достигнале 40 милиони евра, а имаат 1.000 вработени.

„И досега сме една од најголемите инвестиции во Република Македонија. Тоа е фирма на која можете да и верувате, фирма која ги почитува вашите вработени, вашите закони и вашите правила, истакна Франц Волфарт- главен изврешен директор Новоматик- Австрија.

Ники Лауда, легендата на Формула 1 натпреварувањата е бренд менаџерот на Новоматик. Неговата задача е светска промоција на брендот.

„Никогаш во животот не сум се коцкал, освен што се коцкав со животот. Лани во октомври бев во Новоматик, се видов со генералниот директор и бев импресиониран“, раскажува легендата Ники Лауда - возач на формула 1.

Според официјална статистика на Народната банка на Македонија, вкупниот износ на австриските директни инвестиции во земјава во 2013 изнесува 36,5 милиони евра.

 

Катерина Дафчева