УХМР
До петок сончево и топло време, а од сабота врнежливо
11.05.2021 12:28
Минималната температура ќе се движи од 6 до 13, додека максималните од 19 до 25 степени.

До петок ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, додека од сабота се очекува влажен бран со врнежи од дожд во поголем дел од земјава, соопшти УХМР.
Минималната температура ќе се движи од 6 до 13, додека максималните од 19 до 25 степени.
Утре попладне претежно во северните делови времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.
Во четврток и петок ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и ќе дува засилен западен ветер. Влажен бран со врнежи од дожд во поголем дел од земјава се очекува во сабота.
