РУСИЈА
Најмалку 11 мртви во пукање во училиште во Казан
11.05.2021 12:37
Воведени се дополнителни безбедносни мерки во сите училишта во Казан, главниот град на рускиот регион Татарстан, околу 700 километри источно од Москва.

Во напад во училиште во рускиот град Казан загинаа најмалку десет ученици и еден наставник. Според информациите, приведен бил еден од двајцата напаѓачи. Станува збор за 17-годишно момче, додека пак, вториот напаѓач бил ликвидиран.
Воведени се дополнителни безбедносни мерки во сите училишта во Казан, главниот град на рускиот регион Татарстан, околу 700 километри источно од Москва.
Иако пукањата во училиште се релативно ретки во Русија, во последните години имаше неколку насилни напади врз училишта, главно извршени од ученици.
