Израел

Нападнати над 130 цели во Појасот Газа

11.05.2021 13:27

Ескалација на конфликтот во Ерусалим. Од изутрината, експлозии, десетици убиени, меѓу нив и деца, 100-на повредени. Палестинците гаѓаат со ракети кон Израел, армијата одговори со воздушни напади врз Газа. Ќе го мобилизираме целиот свет против Израел, се закани турскиот претседател Ердоган...

Ескалација на тензиите во Ерусалим. Десетици лица, меѓу кои и деца, загинаа во израелските воздушни напад врз Појасот Газа. Повредени биле повеќе од 100 лица. Израелската армија соопшти дека бомбардирала тунел на Хамас на северот од Појасот Газа, во кој, како што се верува, имало голем број членови на организацијата. Израелската армија претходно потврди дека извршила ракетни напади врз Појасот Газа, наведувајќи дека загинале тројца членови на милитантната организација Хамас, која, пак, претходно го ракетираше Ерусалим, по истекот на ултиматумот упатен до израелската влада за

„Изутрината слушнав силна експлозија. Не ми се веруваше дека ракетата ја погоди нашата зграда. Фала му на бога, децата се добро. Слушнавме сирени и веднаш се упативме кон безбедната зона која се наоѓа на првиот кат.“

„Околу 5 часот изутрината не разбудија сирените. Се скривме во плакарот бидејќи немаме безбедна зона во куќата. Се слушаа силни експлозии. Никогаш во животот не сум слушнал нешто такво. Веднаш помислив дека ракетата паднала овде. Излегов надвор и се шокирав. Се јавив во полиција и им кажав дека се се случуваше токму овде.“

Во градот Ашкелон на југот на Израел биле ранети тројца Израелци. Според Хамас, кој владее со Појасот Газа, нападот врз Ашкелон е одговор на израелскиот напад врз станбена зграда во близина на Газа. Во соопштението на Хамас се вели дека „ќе го претвори Ашкелон во пекол“ доколку израелската армија продолжи со напади врз цивилни згради во Газа.

Ердоган: Ќе го мобилизираме светот против Израел

Турција ќе го мобилизира целиот свет, особено исламскиот, за да го запре израелскиот терор врз Палестинците и окупацијата, изјави турскиот претседател Ердоган. Повтори дека Анкара ги поддржува целите на Палестинците и дека стои до нив. Остро ги осуди израелските напади врз палестинците и комплексот џамии Ал-Акса во Ерусалим.

„Суровиот и терористички израел, брутално и неморално ги напаѓа муслиманите во Ерусалим кои немаат друга цел освен да го штитат она што тие го сметаат за свето, нивните домови стари илјадници години, нивната татковина. Сите напади врз богослужбите во Ерусалим, водени со џамијата Ал-Акса, се истовремено напади и врз нас“, нагласи Ердоган.

Неколку илјади луѓе се собраа пред израелскиот конзулат во Истанбул во знак на поддршка за Палестинците, како одговор на насилството предизвикано од повеќедневните немири во Ерусалим.

 

Марина Ристова