Утре нема полициски час, од четврток почнува на полноќ
Од четврток на полноќ, полициски час до 4 наутро. Терасите на угостителските објекти ќе работат до 23.30. Владата одлучи за дополнително олабавување на рестриктивните мерки. Останува забраната за концерти и свадби. Маските и натаму треба да се носат на отворено...
Полицискиот час од 13-ти мај ќе почнува на полноќ и ќе трае до 4 часот, одлучи Владата на денешната седница. Утре нема забрана за движење поради празникот Рамазан, исто како што беше за Велигден.
Угостителските објекти ќе може да работат до 23:30 часот. Сите настани може да се одржуваат согласно протоколите, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор.
Вежбалните, фитнес центрите и теретаните може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите, почнувајќи од утре.
Останува забраната за концерти и свадби. Маските и натаму треба да се носат на отворено.
Mинистерот Филипче вчера нагласи дека олабавувањето на рестриктивните мерки е врз основа на стабилизацијата на епидемиолошката состојба во државата.
