Македонија

Жените сѐ поприсутни во политиката

11.05.2021 15:08

Битолската организација на жени оставила големи траги во лобирањето и залагањето за поголема процентуална застапеност на жената. Со интерни анализи и анкети, велат, направиле осврт на тоа колку за она што се залагале, денес дава резултати.

На почетокот беа само неколку, а по три децении од осамостојувањето, жената е сѐ поприсутна во политиката и подостапна ѝ е задачата на носител на јавна функција.

Битолската организација на жени оставила големи траги во лобирањето и залагањето за поголема процентуална застапеност на жената. Со интерни анализи и анкети, велат, направиле осврт на тоа колку за она што се залагале, денес дава резултати. Генерално велат, одговорноста кај жената е повидлива, но во најголем број не успеале да одолеат на опиумот на моќта.

Кога е во прашање ставот на граѓаните, различни се видувањата помеѓу посилниот и понежниот пол.

Веќе докажаните најгласни лобисти велат- поддршката за уште поголема застапеност на жената ќе продолжи, но ќе се работи и на нормите кои не треба да бидат заборавени.

Засега изборните модели гарантираат лагодност. Но, останува и отворено прашањето дали со евентуални отворени листи, ќе ги потврдат заложбите за 50 процентно учество во политиката и важните опшествени функции.

Стевче Митревски