Заев: Ние имаме гордост и свој идентитет
„Тргнете ја од преговарачката маса секоја дискусија за македонскиот јазик и идентитет“, премиерот гласен во Брисел. По средбата со високиот претставник за надворешна политика Борел со надеж дека земјава формално ќе ги отвори преговорите со ЕУ што е можно поскоро...
Не бараме повеќе одошто сме заслужиле а тоа е да се одржи првата меѓу владина конференција што е можно побрзо. Претседателот на Владата Зоран Заев придружуван од заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, оствари средба и со потпретседателот на Европската Комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Жосеп Борел. Според Заев уште во март 2020 беше потврдено дека земјава ги има исполнето своите обврски и сега е време ЕУ да испорача, порача тој.
Според високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Борел, има многу силна поддршка што е можно побрзо да се одржи првата меѓувладина конференција за земјава.
-Дозволете ми да нагласам многу јасно, нема поддршка за „раздвојување“ ниту во институциите на ЕУ, ниту меѓу земјите членки. Северна Македонија ги исполни потребните услови за да ги започне преговорите за пристап, и слично како Албанија, заслужува да продолжи во следната фаза на процесот без одложувања. Би сакал да го истакнам високото ниво на вашата усогласеност со нашите позиции и одлуки за надворешна и безбедносна политика. Ние го цениме и го разбираме тоа како уште еден израз на вашата посветеност кон европскиот пат на вашата земја, вели Жозеп Борел, висок претставник за надворешна политика на ЕУ.
Заев претходно во пораката од Брисел посочи дека македонскиот идентитет и јазик да бидат тргнат од каква и да е дискусија од масата за преговори во Брисел, како услов Македонија да ги продолжи разговорите за својата европска иднина.
Македонија може да смета на поддршката кога станува збор за наоѓање решение за унапредување на пристапниот пат но и кога станува збор за вакцините или за геополитичките предизвици, порачаа соговорниците од Европската Унија.
Игор Панов
