Спорт на МРТ!
За спортските мераклии Македонската телевизија викендов ќе понуди богата програма од шест преноси и еден магазин.

Денеска од 23-то коло со коешто стартува третиот дел од фудбалската Прва лига на МРТ1 во 14 часот директно ќе го емитуваме дуелот меѓу Работнички и Брегалница коишто пред само три дена се соочија во првиот полуфинален дуел од Купот на Македонија. Веднаш по овој пренос, во 16 часот исто така на „Прва“ ќе биде редовниот „Магазин“ посветен на фудбалската Лига на шампионите и тоа како преглед на осминафиналните реванш мечеви.
Саботата ќе содржи и два меѓународни преноса. Во 18 часот на МРТ собранискиот сервис директно од Струмица, ракометниот натпревар од групната фаза во ЕХФ купот меѓу Зомимак и Монпелје за кој ќе настапат тројца репрезентативци на европскиот шампион Франција. На МРТ1 од 19 часот ќе го видиме и гостувањето на МЗТ Скопје кај најдобрата екипа сезонава во лигашкиот дел од АБА конкуренцијата, Црвена Звезда. За аеродромци ова е важен дуел во трката за шестото место и пласман во Еврокупот.
В недела еден пренос и тоа во 16 часот на МРТ собранискиот сервис од дербито на прволигашката фудбалска конкуренција меѓу Вардар и Шкендија.
Барем кога се во прашање спортските содржини викендов ќе биде продолжен и тоа со уште два преноса в понеделник кога ќе стартуваме со следењето на вториот тениски мастерс сезонава од серијата 1000. Преносите од Мајами ќе бидат на МРТ собранискиот сервис со почеток во 16 часот. На истата фрекфенција, во 20 часот и 45 минути и пренос од директната пресметка за пласман на завршниот туирнир на АБА кошаркарската лига меѓу Будуќност и Партизан.
