Вечерва нема полициски час
Од утре полицискиот час ќе почнува на полноќ и ќе трае до четири наутро. Угостителските објекти ќе работа до 23.30...

Нема ограничување на движењата вечерва наспроти празникот Рамазан Бајрам.
Од утре полицискиот час ќе почнува на полноќ и ќе трае до четири наутро. Угостителските објекти ќе работа до 23.30.
Се отвораат теретаните и фитнес центрите но и вратите на капацитетите за организирање на настани на затворено со 30 насто исполнетост во просторот.
Сè уште трае забраната за свадби и веселби. Мерките се олабавуваат по заклучоците на Комисијата за заразни болести дека епидемиолошката состојба се стабилизира.
Во последните 24 часа се направени 2.357 тестирања, а регистриран е 171 нов случај на Ковид-19. Пријавени се вкупно 26 починати лица, од 36 до 84 години, оздравеле 409 пациенти.
