САД

Главна тема на евентуалниот самит меѓу лидерите на САД и Русија ќе бидат контролата на оружјето

12.05.2021 11:01

Шефот на Белата куќа очекува средба за време на посетата на Европа во јуни...

Дипломатски извори од Вашингтон тврдат дека главна тема на евентуалниот самит меѓу лидерите на САД и Русија, Џо Бајден и Владимир Путин ќе бидат контролата на оружјето и безбедносните проблеми.

Шефот на Белата куќа очекува средба за време на посетата на Европа во јуни. Нагласи дека ќе соработува во областите каде што постои заеднички интерес, вклучувајќи ги климатските промени, Северна Кореја и иранскиот нуклеарен пакт.

Русија и Соединетите држави официјално го продолжија договорот за контрола на нуклеарното оружје „Нов СТАРТ“ за уште пет години.