143 илјади смс пораки стигнаа до родителите

14.11.2013 13:47

Повеќе од 143 илјади смс пораки со информации од електронскиот дневник стигнаа за три дена до родителите

Министерот Спиро Ристовски ги повика сите  заинтересирани кои што  немаат оставено телефонски број или електронска адреса, а сакаат да ги добиваат податоците преку  смс, да ги пријават кај  класните раководителите на своите деца или во училиштата. Ристовски информираше дека проектот досега се одвива без проблеми. Од понеделникот почна праќањето на смс пораките . На својот мобилен родителите ќе ги добиваат податоците за оценките и поведението на децата.