Здравство

Без осигурување и плата од 12.000 денари, медицински сестри работат во Ковид- центри низ земјава

12.05.2021 14:23

Овој стручен кадар предупредува и во услови на пандемија државата не најде начин медицинските сестри да ги задржи во јавните установи, заминуваат во приватните болници и во европските земји...

За плата од 12 илјади денари, без здравствено и пензиско осигурување, голем дел од медицинските сестри работат во Ковид центрите низ земјава. Овој стручен кадар предупредува и во услови на пандемија државата не најде начин медицинските сестри да ги задржи во јавните установи, заминуваат во приватните болници и во европските земји. Стравуваат по завршувањето на пандемијата одливот ќе биде уште поголем.

-Незадоволството е големо и после една завршена добра едукација сите се спремаат да си заминат затоа што им е нерешен статусот, условно работат за 12 илјади денари без здравствено и пензиско осигурување и тоа е еден парадокс и голема навреда за нашата професија и многу недолично за медицинските сестриизјави Гордана Бешлиоскаунија на здруженија на медицински сестри.

Во услови на пандемија медицинските сестри само еднаш добиле еднократна награда, платите не им се зголемени за разлика од нивните колеги во европските земји.

-Секаде за плата или плата ипол им се качени личните доходи во Ковид центрите на сестрите во Словенија, во Хрватска, во Србија. Нашите сестри во Ковид центрите со средна стручна спрема работат за 18 или 19 илјади денари, работат во дежурства, а законот за здравствена заштита ги опишал во сменска работа нема можност да им се исплатат дежурствата. Голем број се нашите проблемиизјави Гордана Бешлиоскаунија на здруженија на медицински сестри.

Велат за нормално функционирање на здравствените установи, неопходно е бројот на медицински сестри двојно да се зголеми. Се надеваат дека наскоро ќе успеат во формирањето на комората за медицински сестри, преку која полесно ќе можат да ги решаваат тековните предизвици на нивната професија.

 

Андријана Атанасовска