Образование

Секој наставник кој се чувствува загрозен од реформите може да се приклучи на протестот

12.05.2021 14:56

Протести од страна на граѓанската иницијатива „учебници и настава мора да има“ се најавени за во сабота...

Секој наставник кој се чувствува загрозен од најавените реформи во основното образование може да се приклучи на протестите на родителите, е ставот на првиот човек на СОНК. Неделков вели синдикатот нема надлежност да се меша во избор на наставните средства и помагала при работа. Во негов домен е заштита и унапредување на правата на работниците.

Реформите мора да продолжат, во фокусот на образованието да се со учебникот, а најавените протести се уставно загарантирано право, вели ресорната министерка Царовска. Според неа барањата на родителите се неприфатливи.

Протести од страна на граѓанската иницијатива „учебници и настава мора да има“ се најавени за в сабота. Родителите најавија иницијатива за задолжителен референдум за реформи во образованието.

 

Наташа Јанчиќ Менковски