Градскиот дувачки оркестар ќе свири шетајќи низ Скопје

22.03.2014 14:02

По повод почетокот на пролетта, Градскиот дувачки оркестар при Младинскиот културен центар ќе одржи едночасовно дефиле низ улиците на Скопје, понувајќи од 10 часот.

Оркестарот ќе тргне од Музејот на град Скопје и свирејќи ќе се движи по улицата „Македонија“ се до градскиот плоштад.

Ќе бидат отсвирени најпознатите светски маршови соодветни за парадни концерти од овој тип.  

Концертот го организираат Град Скопје и Младинскиот културен центар.